Времето денес ведро и многу студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Охрид сончево. Минималната температура до -6 степени, а максималната ќе достигне до 5 степен.

Утре и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, велат од УХМР.

Најстудено утрово во Берово со -13 сетепени. Во Крива Паланка, Маврово и на Попова Шапка се измерени -11, во Скопје, Битола и Дебар -10, во Штип, Демир Капија и Крушево -9, Куманово, Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -6, Гевгелија -5 и во Дојран -2.

Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.

OhridNews