Сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Во Охрид времето облачно со умерен ветер од југозападен правец. Температурата во интервал од -2 до 6 степени.
Денес претпладне и за време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови. Од недела утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, велат од УХМР.
OhridNews