Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Охрид времето денес сончево. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.

OhridNews