Сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец.
Во Охрид времето сончево со умерена облачност. Температурата во интервал од 0 до 10 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, попладне со локални врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво. Врнежи на повеќе места повторно ќе има од недела кон крајот на денот и во првите два дена од работната седмица. Локално врнежите ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Во вторник кон крајот на денот снег ќе врне и на некои пониски места, велат од УХМР.
OhridNews