Сончево со мала до умерена облачност, утрото свежо, а преку ден нешто потопло. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец. УВ=7.

Во Охрид времето сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Под влијание на влажен бран од југ, утре уште од раните утрински часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи. Понестабилно со пообилен дожд (локално над 15 л/м2 за кратко време) и грмежи ќе биде во јужните делови од земјава, каде температурата значително ќе се намали. Локален дожд, претежно на запад, ќе има и во понеделник, велат од УХМР.

OhridNews