Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Позастапена нестабилноста ќе биде во јужните делови од земјава каде локално врнежите ќе бидат пообилни, проследени со почести грмежи и засилен ветер. УВ=5.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 14, а максималната 21 степен.

Утре ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи, претежно во западните делови. Потоа ќе биде малку до умерено облачно, од понеделник со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од североисточен правец.

OhridNews