Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид времето денес претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Од утре дневната температура во повеќето места ќе биде за 3 до 5 степени повисока.
OhridNews