Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на места. Нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Максималната температура на воздухот во Охридскиот регион, каде не се очекуваат врнежи, ќе достигне до 27 степени, додека температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 23 степени Целзиусови, информира УХМР.
Во сабота претпладне ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне облачно со поинтензивни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Слично време не очекува и во недела.
OhridNews
фото: архива