Временските услови во месец февруари ги послужи фудбалските екипи кои го одбраа Охрид за место каде ќе се подготвуваат за следните предизвици во првенствата.
Во Охрид имаше екипи од нашата земја и од соседна Србија, а дестинација му беше „главниот“ терен „Атина Бојаџи“ каде ги одмеруваа силите и ги одработуваа редовните тренинзи.
Од македонските прволигаши Охрид го одбраа Шкендија, Ренова и Пелистер, а Напредок одигра неколку контролни средби и имаше блиц посети. Второлигашот Шкупи имаше мини подготовки во Охрид и од тука најавија атак на местата кои водат во елитата.
Борац од Чачак и Јавор од Ивањица беа „странските“ екипи го разубавија Охрид во месец февруари и на охриѓани им пружија доста добар фудбал.
Од редовните екипи кои доаѓаат во Охрид изостана Металург, кој подготовките ги одработи во Дојран, Силекс, Напредок и Тетекс.
За поголема посетеност на екипи во Охрид ќе мора да се поработи на инфраструктура, која е неопходна за турисчки центар каков што е нашиот град.
Мх.П.