Атлетичарите од Бугарија доминираа на првиот атлетски митинг во Охрид. Експедицијата кој беше и меѓу најбројните  победи во  осум од тринаесете дисциплини, единаесет пати беа втори и четри пати трети. Временските услови не беа наколонети на атлетичарите, па така изостанаа нивните најдобри постигнувања .


Најголемата ѕвезда на митингот, носителот на сребрен медал од ОИ во Атина, романецот Марјан Опреа победи во дисциплината три скок. За него ова беше прв настап по повредата која го мачеше скоро две години.

По долгата повреда , за мене најважно беше да се вратам на натпрварите. Со оглед на временските услови, врнеше дожд и беше  малку студено, задоволен сум од од резултатот, очекував скок од преку 17 метри, но тоа не се случи. Драго ми е што настапив на овој митинг, се надевам дека ќе дојдам и следната година, рече Опреа кој го поздрави ентузијазмот и организацијата на митингот, потенцирајќи дека вистински рецепт за успешен митинг е вистинска и квалитетна конкуренција.

Публиката на нозе ја крена србинот Мирослав Првуловиќ кој копјето го фрли преку 70 метри, за што беше награден со громогласен аплауз.

Задоволен сум од резултатот, неодамна започнав да работам со новиот тренер, така што овој резултат е исклучително добар. Морам да ја истакнам организацијата, местото е преубаво, единствено времето не беше на наша страна. Ова е прв митинг, се надевам дека следниот митинг, идната година дека ќе привлече повеќе атлетичари –  потенцираше  Првуловиќ.

Атлетичарите единствени во своите размислувања, дека митингот беше одлично организиран.


Митингот е одлично организиран, јас лично не го постигнав посакуваниот резултат по кој бев дојден тука, но сепак сум задоволен од прикажаното – рече двократниот јуниорски првак бугаринот Горги Иванов кој со  18,89 м, победи во дисциплината фрлање ѓуле.

 

13,77 м беа доволни за бугарката Андријана Банова да победи во дисциплината три скок во жени.
Ако ги исклучиме временските услови, се беше одлично, патеката и песокот. Конкуренцијата не беше силна, но не сум задоволна од мојот резултат, посакував скок од преку 14 метри – истакна победничката.


Една рака медали за македонските атлетичари на првиот атлетски митинг во Охрид.Единствената која се радуваше на злато беше спринтерката Ивана Рожман кој победи во трката на 100 метри со време 12, 82.


–  Треба во Македонија да има повеќе вакви митинзи за да се истакнат атлетичарите и другите надежни спортисти. Задоволна сум од својот резултат бидејќи беше многу студено. Се надевам дека и публиката која ме подржуваше е исто така задовлна, вели Ивана Рожман.

Највредниот резултат од македонските атлетичари според ИААФ таблицата го постигна охриѓанецот Селман Реџеп кој во дисциплината три скок прескокна 15.39, десетина сантиметри помалку од својот најдобар резултат, скок кој пак беше доволен за третото место.

 – Извонредно беше чуството да се настапува пред домашната публика. Физички добро сум подготвен но мал проблем за мене преставуваше психолошката бариера. Митингот беше одличен и очекувам в година да пристигнат уште повеќе атлетичари. – рече Селман.

Од македонските атлети Дејан Ангелевски го освои второто место во фрлање копје, Христина Ристеска на трката на 400 метри со време 58,73 заврши на трето место на подиумот , додека Фросина Ристеска делницата од 800 метри ја претрча за 2,24,47 доволно за трето место.

Фото Емилио
М.П.