Натпреварот меѓу Албанија и Македонија во Скадар во рамките од квалификациите за Мундијалот во Русија е прекинат во 76-та минутапри резултат 1-1 поради временски неприлики на стадионот.


Турскиот судија Хусеин Гочек привремено го прекина натпреварот и ги испрати фудбалерите во соблекувалните.

Албанија поведе во 10-та минута со голот на Армандо Садику, а нашите фудбалери израмнаа во 51-та минута преку Езгијан Алијоски.

Фото: Екипа.мк
OhridNews