Јавното претпријатие Водовод соопшти утрово упати апел до граѓаните на Охрид да не се користи водата од градскиот водовод за било каква употреба.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, се додека не се излезе со ново соопштение после санирање на настанатиот дефект, информира ЈП Водовод.
Голем дефект на водоводната мрежа се случи синоќа на булеварот Туристичка во близина на спортскиот центар. Дел од булеварот е затворен за сообраќај, а екипи на Водовод работат на санирање на дефектот.
Г.М.