– Проектот кој треба да заврши заклучно со 7 јануари 2010 година, опфати времено вработување на невработени од евиденцијата на Агенцијата за вработување. Овие работници се ангажирани за период од шест месеци. Платите на ангажираните, од околу 6.000 денари, ги обезбеди Агенцијата за вработување, а претпријатијата учествуваа само со средства за покривање на месечните трошоци за храна и превоз на работниците. -објаснуваат од Агенцијата за вработување, Охрид.
Проектот за времените вработувања е дел од Оперативниот план на Активните мерки за намалување на невработеноста, што Министерството за труд и социјална политика ги предвиде за 2009 година.