Поради реализација на градежни активности за преуредување и асфалтирање на четворокраката крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ во кружна, во сабота, 10 октомври, во периодот од 05:00 – 16:00 часот, улицата „Железничка“ целосно ќе биде затворена за сообраќај на автобуси и товарни возила на потегот од клучката до кружната крстосница кај Здружение на возачи. Овие превозни средства ќе се пренасочуваат на бул. „Туристичка “ од една страна и ул. „ 7 – ми Ноември “ од друга страна, информира Локалната самоуправа.

За останатите превозни средства и пешаци забраната на сообраќање и движење ќе важи од крстосницата на ул. „Железничка“ со ул. „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од Клучката на влезот од Охрид кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата „Железничка“ и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка “, соопшти општината.

На овој потег ќе се воведе нов сообраќаен режим, најави Локалната самоуправа.

OhridNews