Во недела, 11 август, во периодот од 8 до 13 часот, поради приклучување на нов приклучок, а во координација со Специјалната Болница „Св. Еразмо“, ќе има прекин на водоснабдувањето во дел од градот на потегот од Здружение на возачи на крајот од ул. „Гоце Делчев“, до после авто кампот „Андон Дуков“, информира МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ Охрид.
Се молат жителите и правните лица од овој реон да се обезбедат со неопходните количини на вода, апелира МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ Охрид.