Поради изведување градежни работи и и минирање од страна на Г.П. Илинден – Струга, денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата од Пресека – с. Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути помеѓу 12.00ч – 15.00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
OhridNews