Дневните весници “Време“ и “Шпиц“ денеска нема да се појават на трафиките, откако печатницата Цетис одлучила да не ги печати весниците.
Причината поради која “Цетис“ одлучил да го прекине печатењето на весниците биле милионските долгови на “Време“ и “Шпиц“.
Сопственикот на “Цетис“ е сопственик и на весникот “Вечер“ и неправедно ја користи својата позиција за да го оневозможи печатењето“, се наведува во соопштението од “Време“, во кое се додава дека раскинувањето на договорот нема никаква врска со должничко-доверителските односи.
Во реакцијата од редакцијата на “Шпиц“ се наведува – „печатницата “Цетис“, која го печати “Шпиц“ од почетокот на неговото појавување, еднострано и ненадејно ја прекина соработката“. Според “Шпиц“ постапката на “Цетис“ не е мотивирана деловно и финансиски, туку има врска со острата конкурентска борба на пазарот на печатени медиуми.