Одбројувањето заврши и дојде време за квалитетна кошарка во Охрид. Со мечот против Пелистер (18 часот) кошаркарите на АВ Охрид ќе дебитираат во Првата лига.


„Галебите“ со нетрпение го очекуваат дуелот со битолските „зелено бели“ кој ќе означи почеток на новата сезона.

– Повеќе од три месеци тренираме и станавме гладни за натпревар со официјален карактер. Одигравме неколку контролни средби, но адреналинот од официјалните натпревари ни недостасуваше. – коментираат играчите на АВ Охрид.


Стратегот на охриѓани, Петар Чочороски може да смета на сите кошаркари и ќе биде на слатки маки да ги одбере 12-те кошаркари кои ќе одиграат мечот со Пелистер.

OhridNews