На 11 стадиони, во 11 градови, денеска, ќе официјално ќе започне 16-то издание на Европското фудбалско првенство.

Помеѓу 24-те селекции учеснички на континенталниот собир се наоаѓа и македонската фудбалска репрезентација, која заедно со Финска се дебитанти на големата фудбалска сцена. „Црвено жолтите“ пласман на ЕП обезбедија преку УЕФА лигата на Нации и бараж во кој успеаја да бидат најдобри.

Репрезентациите на ЕП се поделени во шест групи од по четири селекции. Пласман во елиминациската рунда обезбедуваат најдобрите две пласирани селекции на табелата и четирите најдобри третопласирани од шесте групи.

Македонија во групата се наоѓа со Австрија, Украина и Холандија. Пулените на Игор Ангеловски возбудувањата ги стартуваат в недела, против Австрија, а потоа играат со Украина и Холандија. Првите два мечеви Македонија ги игра во Букурешт, а последниот во групата го игра во Амстердам.

Првиот натпревар се игра вечерва на Олимпискиот стадион во Рим каде ќе се сретнат селекциите на Италија и Турција.

Актуелен шампион и бранител на титулата е Португалија, а главни фаворити се Франција, Англија, Белгија…

Време е за Европско првенство, време е за фудбал! Напред Македонија!

 

OhridNews