Ракометарите на Охрид пред своите гледачи во 19 часот во дербито на колото во Супер лигата ќе го пречекаат составот на Прилеп.
Прилепчани се стари и големи должници од минатата сезона кога во Охрид во драматичен натпревар ги освоија трите бодови.
Сето тоа е голем мотив за охридските ракометари кои сезонава „пеат друга песна“ во елитата.
Четирите победи во шесте натпревари ветуваат многу, а „Рибарите“ на големо се мобилизираат за престојниот дуел.
Охрид посакува победа, а „гладијаторите“ заслужуваат поддршка.
Се гледаме на дерби !
Ohridnews