Темното чоколадо има интересен вкус кој не одговара на секого, но кога ќе прочитате какви се користи ви носи, веројатно ќе се обидете да се навикнете на него. Чоколадото секогаш може да ве орасположи, бидејќи неговиот боженствен вкус едноставно го сакаат сите, но тоа е корисно и за здравјето на повеќе начини.

Така само четири коцки темно чоколадо со висок процент на какао ќе ви помогнат значително да го намалите нивото на хормоните за стрес. Ова е докажано во швајцарско истражување во кое чоколадото било наречено храна која дава утеха, бидејќи составот на темното чоколадо го прави токму тоа.

Чоколадото не мора нужно да го јадете, можете да направите и вкусно топло чоколадо кое научниците од Харвард го препорачуваат во количина од две шолји дневно како одлична мешавина која го чува здравјето на мозокот и спречува проблеми со помнењето кај постарите.

За крај, темното чоколадо го намалува крвниот притисок, бидејќи флавонолот кој го содржи ги шири крвните садови во телото, со што се намалува високиот притисок.

извор:metro-portal.hr