30- тина избрани стручни лица од страна на Унеско во светски рамки, учествуваат на Академијата за одржлив развој што се одржува во Торино, Италија во организација на УНЕСКО. Тема на Академијата се Заштитата на наследството и Биосферните резервати.
На академијата Дејан Пановски од делот природа при Националната комисија на УНЕСКО одржа предавање за воспоставувањето и природните вредности на прекуграничниот Биосферен резерват Охрид Преспа и вредностите на Охридското Езеро. Вториот преставник од Македонија, м-р Зоран Павлов од делот култура при Националната комисија на УНЕСКО говореше за планот за управување со културното наследство на Охридскиот регион.
– Академијата е можност за презентација на вредностите, признание за работата но воедно е и обука за менаџирање со културното и природното наследство. Охридскиот регион е еден од центрите на вниманието на УНЕСКО токму од двата аспекти. Ние сакаме да се пофалиме со статусот УНЕСКО, но треба да ги почитуваме и одговорностите”, истакнаа македонските претставници во обраќањето на академијата.
Во текот на траењето на Академијата ќе се остварат средби со голем број влијателни луѓе од областа на заштитата, ќе се посети Биосферниот резерват Монвизо и ќе се учествува на EXPO и светскиот Форумот за Локален економски развој на кој Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун одржа говор- Каков свет сакаме и на кој на сите присутни им се заблагодари за посветеноста во борбата за заштита на културните и природните вредности и борбата за одржлив развој.
OhridNews