На влезот во Охрид од северната страна во убаво уреден двор на првите згради неодамна  е осветена новата црква Св. Еразмо. Оваа црква е висока едвај еден метар, но ги има сите потребни елементи да биде осветена. Внатре има и икона посветена на заштитникот на црквата.


Ова неевообичаено ремек дело го изработил Илија Магденоски. Тој по потекло е кичевчанец, а со ова необично хоби започнал да се занимава кога отишол во Австралија во седумдесетите години од минатиот век. Неговите вредни раце изградиле стотина мали цркви. Има нарачки од секаде. „Еве сега ја завршив копијата на црквата Свети Климент и Св. Пантелејмон од Плаошник“ ни вели Магденоски.


Илија Магденоски

Тој црквичката Св. Еразмо на влезот од Охрид  ја изградил за месец и половина со помош на пријатели. Малите цркви трпеливо ги гради од сецкан камен и плочки, за што понекогаш му требаат и по шест месеци.


вредните раце на Илија изградија стотина мали црквички

Илија Магденоски е поранешен претседател на здружението на македонците „Корени“ кое деновиве во Охрид ја организира манифестацијата „Заедно дома во Македонија“, која оригинално е негова идеа.

Г. Момироски