Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ деновиве беше отворена ексклузивната изложба „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“.

– Овие ракописи имаат исклучителна вредност и се потврда на историските процеси низ кои се развивале македонската писменост, култура и цивилизација, нагласи Канческа-Милевска.

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Иван Заров подвлече дека отворањето на изложбата е во рамките на јубилејното чествување на 70-годишнината од основањето на библиотеката „Св. Климент Охридски“. 

– Денешнава изложба е причина за двојна радост и гордост. Најнапред заради повторното патување кон изворите на сопствената духовност, но и поради одбележувањето на седумдесетгодишниот јубилеј од основањето на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”. Оваа импозантна институција, која е вградена во темелите на македонската државност и е етаблирана во сите сегменти на културниот живот на нашата држава, е многу повеќе од библиотека, таа е стожер кој ја сублимира колективната меморија на македонскиот народ и неговата духовна култура, истакна директорот Заров.

Република Македонија поседува голем број ракописи од Охридската книжевна школа кои се чуваат во трезорите на академските и на културните институции во државава, а повеќето од нив се дел и од археографската збирка на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

OhridNews