Во одбележувањето на големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, годинава се враќа една убава традиција што пред околу две децении ја воспостави Здружението „Богојавление“ кое на фаќачот на чесниот крст кој на Водици ќе биде положен во осветените води на Охридското Езеро ќе му подари вредна икона „Богојавленски свет“, која специјално ја изработи охриѓанецот Стефан Мошовски.
Иконата е подготвена и ќе му биде предадена на фаќачот на крстот во ресторанот „Св. Софија“ каде пред повеќе од 30 години почна иницијативата за масовно чествување на Водици во Охрид.
Здружението „Богојавление“ оваа година одбележува две децении постоење.
Г.М.