Здружението „Богојавление“ на Мартин Гоџо, фаќачот на чесниот крст кој беше положен во осветените води на Охридското Езеро, му подари вредна икона „Богојавленски свет“ која специјално ја изработи охриѓанецот Стефан Мошовски.
Иконата му беше предадена на Гоџо во ресторанот „Св. Софија“ каде пред повеќе од 30 години почна иницијативата за масовно чествување на Водици во Охрид.
Здружението „Богојавление“ оваа година одбележува две децении постоење.
OhridNews