Во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Струга денеска ќе биде промовирана вредна поставката, која содржи четириесетина икони што датираат од 15 до 19 век и се дел од богатото културно – историско наследство на Струга и на Струшко.

На промоцијата ќе се обрати  министерот за култура Елизабета Канческа –Милевска, а пред  присутните со пригоден збор ќе се обратат и митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и академик Цветан Грозданов.

Ohridnews