Фудбалерите на Охрид Лихнидос со пресврт стигнаа до значајна гостинска победа над Борец во Велес 1:2 и вредни три бода.

Домаќините на натпреварот одигран вчера, поведоа во судиското надополнување од првото полувреме со голот на Милан Чичевски. Охрид израмни со голот на Кристијан Костовски во 55 минута, а Мартин Нически во 85 минута стрелаше за победа.

Фудбалерите на Воска Спорт, исто така вчера, на „Билјанини извори“ убедливо ја совладаа Слога со 3:0. Стрелци на головите за клубот од населбата Воска беа: Изаир Емини 17′, Бехар Фета 19′ и Абдулвахит Мурати 25′.

Воска Спорт убедлива против Слога. Фото Воска Спорт (Фејсбук)

По седум одиграни кола на табелата води Вардар со 19 бода, пред Воска Спорт која има 17. Охрид е на делба на 10то место со 7 бода колку што умаат уште и Караорман и Тетекс.

Охрид во среда дома ќе го одигра заостанатиот натпревар со Детонит Плачковица, а во недела, 16 октомври, на „Билјанини извори“ по долга пауза ќе се одигра Езерското фудбалско дерби Охрид – Караорман.

Воска Спорт во 8 коло гостува во Струмица на Беласица.

Г.М.