Почесниот Конзулат на Република Србија со седиште во Охрид и општествено одговорниот сограѓанин Михајло Филев донираа вредна донација на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид.

Обезбедени се 15 интерактивни или сензорни табли и дидактички материјали за децата со посебни потреби и говорни нарушувања кои ја посетуваат нашата градинка, информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

14 интерактивни табли ќе бидат поставени во холовите на градинката и во објектите во просторни услови, за пристап да имаат сите дечињата, а најголеми придобивки имаат децата со посебни потреби. Интерактивните, сензорните табли во најразлична форма служат за најразлични активности и тоа за развивање на фината моторика, визуелната и тактилната перцепција, координација око-рака, развивање на когнитивните способности кај децата. За дефектолошко-логопедскиот кабинет е обезбедена исто така сензорна табла и додатни дидактички материјали кои играат голема улога во развојот на децата, потенцираат.

Додаваат дека сезнорната табла, моторичката коцка, торбичките со активности, ротирачкиот мултифункционален проектор, пинцетите во боја, геометриските форми со врвки се од голема значајност за децата со посебни потреби и говорни нарушувања, упатувајќи благодарност за несебичната поддршка и соработка.

Воедно од градинката упатуваат благодарност и до Општина Охрид, градоначникот Кирил Пацаков и Секторот за образование кои ја поддржаа оваа донација покрај многуте инвестиции, проекти за детската градинка.

OhridNews