Вредна донација од членовите на ВИС „Билјана“ од Охрид беше доставена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола од собраните средства на неодамна одржаниот концерт во спомен на нивниот другар и колега Андреј Лаброски.

Ја доставивме донацијата од концертот во чест на Андреј Лаброски во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ во Битола во износ од 70.000 денари. Донирани се витамини, адаптирана млечна формула, пробиотици, пелени, влажни марамчиња и кравјо млеко, информираат од ВИС „Билјана“.

ВИС „Билјана“ секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат почит на Андреј кој прерано го напушти овој свет. Така беше и годинава со концертот кој го оджаа на 16-ти јули на плажата „Сараиште, на која беше поставена кутија за донации наменети за децата од ранливите категории

OhridNews