Вредна донација од холандска компанија наменета за децата со посебни потреби кои го посетуваат основното училиште „Свети Климент Охридски“.

Холандската компанија БПЗ денес на училиштето му додели ваучер во износ од 2250 евра со цел олеснување на образовниот процес за овие деца. Средствата ќе бидат наменати за купување на интерактивна табла, лап топ и други дидактички матерјали.

БПЗ е холандска компанија основана во 1993 година која се занимава со продажба и набавка на специјализирани производи за градежната индустрија.

OhridNews