Клубот за подводни дејности „Охрид“, кој одбележува 35 години постоење, реализира вредна донација за повеќе одделенија при Општата болница Охрид.

Охридските нуркачи донираа 400 заштитни маски за одделенијата во хируршкиот дел од општата болница. Нив ги изработија фирмите „Сетекс“ од Охрид и „Стење текс“ од Стење, Преспа, чии најблиски се членови на Клубот за подводни дејности „Охрид“.

Исто така, Клубот за подводни дејности „Охрид“ донираше заштитни визири во одделенијата за Уво грло и нос, Анестезија, реанимација и интензивно лекување, Урологија, Гинекологија и Хирургија.

Визирите се специјално дизајнирани и изработени од членови на Клубот за подводни дејности „Охрид“. Истите се со минимална тежина од само дваесеттина грама и можат да се стерилизираат и повторно да се користат.

Солидарност, помош, другарство, спорт и дружење е мотото на членовите на Клубот за подводни дејности „Охрид“, кои велат дека како и секогаш, ќе помагаат кога е најпотребно, како што е во овие тешки моменти за Охрид, Македонија  и светот.

Три и пол децении Клубот за подводни дејности „Охрид“ го чува Охридското Езеро и го чисти од отпад во крајбрежните делови, но и несебично ги помага хуманитарните акции во градот под Самуиловите тврдини.

OhridNews

Текст посветен на мојата генерација