Подарена вредна донација во ООУ „Христо Узунов“ која се состои од стручна литература за наставата по Англиски јазик и Информатика и програмирање, како и соодветен инвентар и компјутер.
Денес во посета на училиштето беа Д-р Иштван Пинтер, Комесар за почесни конзулати во Министерството за надворешни работи на Република Унгарија и Марјан Бојаџиев, Почесен конзул на Република Унгарија во Република Северна Македонија.
Со оваа донација ќе биде збогатена библиотеката во училиштето, а воедно таа е добредојдена за наставата по англиски јазик и информатика, посебно за додатната настава за талентирани ученици. Исто така на средбата се дискутираше за можноста за соработка со Унгарски училишта од Будимпешта, во врска со размена на искуства во програмите и наставата во образовните институции, информира директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева.
Воедно директорката изразува голема благодарност во името на сите од училиштето до Конзулатот на Република Унгарија, со желба за понатамошна соработка.
OhridNews