На иницијатива на Лајонс клуб Лихнидос, а со поддршка на Лајонс клуб Охрид, обезбедени се 150 нови столчиња за охридската детска градинка „Росица“.

Во присуство на членови на клубот, на претставниците од установата, вчера, им беше предадена донацијата.

  • На овој начин сакаме да покажеме грижа за најмладите и да поттикнеме други иницијативи за подобрување на условите во градинките во општина Охрид, истакнаа од ЛК Лихнидос.

Од страна на директорката на градинката, Мери Рилкова, беше искажана благодарност за донацијата, пришто на членовите на Лајонс клубовите им беа врачени благодарници.

Во сите објекти од детската градинка „Јасна Ристеска“ вкупно се згрижени 1100 деца. Групите ги надминуваат определените нормативи во однос на бројот на деца, но од градинката изразуваат надеж дека наскоро ќе биде реализиран проектот за изградба на нова градинка со што во голема мера ќе се подобрат условите, а ќе се зголеми и бројот на вработувања во градинката.

OhridNews