Во сите 5 училници и наставничката канцеларија во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населбата Далјан деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите со нов ламинат, кој го донираше компанијата „Кармен Бауцентар“.
Покрај училишните простории во подрачниот објект, ќе биде извршена промена на подовите и во една училишна просторија во централниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“. Во текот на наредниот период, во ова основно училиште, со средства на Општина Охрид планирана е реконструкција на дограмата во подрачниот објект во населба Далјан, а ќе биде извршено и бојадисување на внатрешните ѕидови во централниот училишен објект. – истакна градоначалникот Константин Георгиески.
Благодарение на донацијата за реконструкција на подови, во текот на наредниот период се очекува да бидат поставени нови ламинатни подови, во дел од училишните простории во ОУ „Григор Прличев“ и во подрачниот објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во село Коњско, најави Георгиески.
OhridNews