Германскиот амбасадор Томас Герберих, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и директорката на средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“, Славица Костоска потпишаа договор за донација за опремување на училница по практична настава во висина од 5.589 евра.

Како што информираат од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во кое се образуваат кадри од медицинска и економска струка, средствата од Германската амбасада ќе бидат употребени за набавка на надгледни средства за спроведување на практична настава на медицинската насока.

  • Овој проект е резултат на соработката со општина Охрид и градоначалникот Георгиески и Одделението за туризам и локален економски развој. Раководниот и проектниот тим на училиштето се залага постојано за унапредување на образовниот процес, бидејќи учениците во ова училиште ја имаат единствената можност во градот да се образуваат во медицинската струка и целта ни е да образуваме кадри кои ќе го следат текот на модерните настани во медицинската област, велат од училиштето.

Финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.

OhridNews