Икона на Пресвета Богородица Крнинска доби на подарок митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј од монашката заедница од манастирите Бигорски, Рајчица и Пречиста, при нивната посета на надлежниот архиереј во митрополитско седиште крај Плаошник во Охрид.

Се работи за истообразна копија на чудотворната икона на Пресвета Богородица Крнинска, од манастирот Пречиста Кичевска, икона којашто, како што велат од монашката заедница во Дебарско – кичевската епархија, г. Тимотеј особено ја сака и почитува. Иконата ја насликал зографот Илче Ѓорески од Кичево.

На средбата на Плаошник, на која учествувале по двајца претставници од манастирите Бигорски, Рајчица и Пречиста, било разговарано за повеќе тековни теми од црковниот живот во оваа епархија, како и за некои прашања што особено го засегаат монаштвото.

OhridNews
Фото: МИА