Деновиве на брегот на Охридското езеро ,во хотелот „Славија Спектар“ ,батериите за новата сезона ги полни Врбица Стефанов. Турбулентната сезона е зад него. Ја започна во Црвена Звезда каде не одигра ниту еден натпревар поради приватните проблеми по кои мораше да се врати во Макеоднија, по 6 месечната пауза потшиша 4 месечен договор со Олимпијакос, а крајот на сезоната го заврши во италијанскиот Монтепаски

– Едноставно не можев да го одбијам Монтепаски ,претходно имав 4 годишен договор со нив и не можев да му кажам не на преседателот – вели Стефанов.

За сето она што га направил Стефанов за италијанците постои инцијатива за повлекување на дресот со број 4 кој популарниот Врба го носеше во Монтепаски .Стефанов од понеделник ќе им се приклучи на македонските репрезентативци кои во Виница ке се подготвуваат за додатните квалификаци за едно место кое води во евробаскетот во Шпанија . Испуштената шанса во Сараево ке мора да се брка на многу потежок начин .


Стефанов во разговор со екипата на ohridnews

– Искрено жалам за испуштената шанса , но таква е кошарката. Најбитно е сите репрезентативци да бидат здрави и да собереме сили да го направиме тој одлучувачки чекор. Против репрезентацијата на Естонија игравме еднаш на турнир во Унгарија ,ги добивме убедливо но мислам дека тоа не е правата слика за Естонија. Репрезентацијата на Шведска според моите сознанија не е така наивна селекција кој има за селектор странец а во својот состав има дури 7 американски играчи – додава Стефанов

На клупата на македонскта репрезентација во престојните квалификацци ке седне српскиот стручњак Јовица Арсиќ кој беше помошник на Светислав Пешиќ на клупата на Србија . Стефанов вели дека токму македонските интернационалци ќе бидат тие кои  први ке му подадат рака на новиот селектор и ќе му посакаат добредојде на клупата на Македонија. Дебито на македонската клупа Арсиќ ќе го има на 16 Јули протви Б тимот на српската селекција .

Врбица Стефанов беше и едно од имињата кои беа желба на охридскиот суперлигаш АМАК Сп во минатата сезона .

– Точно е бевме на разговори со управата на клубот,ние сакаме да помагаме на секоја македонска екипа , но едноставно не најдовме заеднички јазик, рече Стефанов. .

Се уште 33 годишниот Стефанов е без ангажман за новата сезона,а како приоритет му е клуб кој нема да се натправарува во Евролига како би имал повеќе време да минува со своето семејство.


Сака повеќе време да минува со најблиските-Стефанов со синот

Неостварена желба на Стефанов останува скопски  МЗТ со кого не успеа како играч да освои титула. Се надевам дека еден ден ке се вратам во „Јане Сандаски“ и ако не како играч барем како тренер ќе ја освојам титулата со МЗТ,  како благодарност за она што популарните штркови направија за мене, вели Стефанов.

Мирко Постоловски
Ненад Цветанов