Капитенот на македонската кошаркрска репрезентација, Врбица Стефанов имаше успешно деби во дресот Менорка во шпанската АЦБ лига.
Стефанов кој викендов го комплетираше трансферот од Мирсан (Турција) во шпанската Менорка, според шпанските медиуми е еден од најзаслужните за триумфот на Менорка со 86:80 над учесникот во Топ 16 фазата од Евролигата, Уникаха.
проработе балканската врска – Стефанов, Стоиќ и Маринковиќ
Македонскиот интернационалец на паркетот помина 25 минути во кои реализираше 10 поени (1/5 за три, 2/2 за два, 3/3 за еден поен), имаше три скока и четири асистенции.
Менорка има 31 бод и го дели 11. место на табелата со Мурсија и Гренада. Лидерот Реал Мадрид има 40 бодови.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com