ГРК Охрид презема максимални мерки претстојниот дерби натпревар од 10 коло од ракометниот плеј-оф со Е. Пелистер кој ќе одлучува за шампионската титула, да помине во најдобар можен ред. За мечот кој се игра в недела, 21 април, останати се мал број карти наменети за охриќани, додека за гостинските симпатизери обезбедени се влезници согласно пропозициите на РФМ. Вратите од спортската сала „Билјанини извори“ ќе бидат отворени час и половина пред натпреварот, а ќе се затворат петнаесет минути пред почетокот.
Се известуваат љубителите на ракометот дека вратите од спортската сала „Билјанини извори“ за натпреварот помеѓу ГРК Охрид и РК Е. Пелистер од 10 коло од плеј-офот се отвараат во 17:30 часот, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот во 18:45 часот!
Гостинските симпатизери и навивачи ќе бидат сместени во блок А и Б, каде местата веќе се пополнети.
Охриѓани повелете на билетарата во салата „Билјанини извори“ каде во продажба е преостанатиот, мал број карти, и бидете ветер во грб на нашите „Гладијатори“, соопшти ГРК Охрид.
Г.М.