Во Охрид, ВМРО- ДПМНЕ брои над 4. 500 членови. “ 1. 036 се нови, најголемиот број млади луѓе, кои ги препознале нашите идеи, идеите на луѓето кои работат за доброто на Македонија. Се вратија членови кои во последно време не беа особено активни. Особено не радува што ни пристапија и луѓе од други партии” , рече Михаилов. Првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ потенцира дека повторно во нивните редови се наоѓаат и голем број поранешни активисти, кои одреден период биле во ВМРО- Народна партија. “ Нашата врата е отворена за секого, особено за некогашните членови кои сега се во ВМРО- НП, која ја застапуваат двајца или тројца луѓе, кои водени од лични интереси формираа непринципиелна коалиција со СДСМ”, нагласи Михаилов.
По повод 20 годишниот јубилеј, ВМРО- ДПМНЕ во наредниот период ќе одржи бројни средби со граѓаните, како и трибини за Охрид на кои ќе се зборува за актуелните проблеми од областа на: урбанизмот, здравството, туризмот, земјоделието.
Вечерва во х. „Ривиера“ ќе се одржи трибина на тема : “ВМРО- ДПМНЕ Охрид – основањето , развојот. ” На трибината ќе зборуваат првите претседатели на партијата во Охрид , претседателите низ развојот на партијата во Охрид, како и претседателите од актуелниов период.
Завршниот митинг по повод две децении од формирањето на партијата ќе се одржи на 17 јуни.