Поради големиот интерес за квалифакицискиот натпревар за СП “Русија 2018” помеѓу Македонија и Италија, кој се игра денеска  на националната арена “Филип Втори” во Скопје, ФФМ презема дополнителни безбедносни мерки.

-Имајќи предвид дека интересот за овој натпревар е голем и се очекува голем број навивачи, а во интерес да не се создаде несакан метеж пред влезовите на стадионот се замолуваат сите симпатизери порано да дојдат на стадион и да ги заземат своите места. Вратите на Арената ќе бидат отворени од 18:45, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натреварот, кој е закажан од 20:45. – соопшти ФФМ.

OhridNews