Управата на компанијата за такси превоз во виетнамскиот град Хо Ши Мин соопштила дека еден нивни возач на задното седиште од автомобилот пронашол заборавена торба во која се наоѓале 26 илјади долари. Покрај парите, кои биле во три различни валути, во торбата имало и многу важни документи.


Патникот ја повикал управата на такси службата веднаш штом се сетил дека ја заборавил торбата. Возачот, стар 23 години, ја вратил торбата неотворена. Компанијата и благодарниот патник го наградиле со 100 долари, додавајќи дека во Виетнам просечната плата изнесува 80 долари.