Еден естонец вратил во библиотека книга која ја позајмил пред речиси седум децении, а како главна причина за долгото доцнење го навел бомбардирањето за време на втората светска војна, во коe зградата на библиотеката била тешко оштетена. Претставничката на централната библиотека во Талин рекла дека човекот кој имал 85 години ја вратил книгата која ја зел на 7 март 1944 година, во периодот кога Естонија била под нацистичка окупација.
Како што пренеле агенциите, кога ја враќал книгата, човекот се извинил за доцнењето и се понудил да плати казна, но библиотеката одбила. Книгата, роман на естонскиот пистел Едуардо Вилде, сеуште имала жиг на библиотеката и сериски број што овозможило нејзина идентификација.