Ако на вашата коса и недостасува волумен, постојат некои трикови кои може да ги искористите па вашата коса ќе биде бујна и раскошна. Посветете малку повеќе внимание на обликувањето и производите за нега и наскоро ќе имате коса за која мечтаете.
-После миењето косата завиткајте ја во пешкир кој ќе ја впие влагата. Потоа, пената за коса нанесувајте ја од коренот кон врвот на косата. Бидете умерени за да не постигнете контра ефект.
-За фенирање треба да се користи што поголема четка за да се обезбеди што поголем волумен на косата. Кога се фенирате, косата подигајте ја од коренот према горе за да биде што побујна и пораскошна.
-После фенирањето косата нежно зафрлете ја преку глава. Фенот треба да дува послабо но топло, и минута до две да се суши косата.
-Лакот ќе и обезбеди постојаност на фризурата, па после фенирањето фризурата задолжително зацврстете ја со лак за коса.
-Ако вашата коса го изгуби волуменот ден после фенирањето, користете шампон за суво миење на косата. Малку шампон нанесете на темето, исчешлајте ја косата и растресете ја со прсти. Шампонот ќе го впие вишокот на маснотии, па вашата коса ќе изгледа богато и раскошно.
-Во ситуации кога баш ништо друго не помага, косата нежно истапирајте ја. На овој начин на косата ќе и обезбедите потребен волумен, особено кога сакате да ја соберете или да направите некоја фризура.
извор:zenstvena.com