Кога необлечено парче облека се враќа во продавницата, повеќето од нас би претпоставиле дека веднаш се враќа на полиците од продавницата. Тоа сепак не е случај со познатиот бренд за долна облека „Викторија Сикрет“. Таму се уништува целата вратена стока бидејќи таква е политиката на компанијата. Тоа било откриено кога еден муштерија на Флорида вратил пар гаќи, кои продавачот на лице место ги пресекол со ножици.
Поради овој случај се отворила голема полемика, бидејќи вратената облека би можела да се донира на хуманитарни организации, кои превземаат оштетени и вратени предмети и ги подаруваат на бездомниците и сиромавите. Модните експерти велат дека поедини компании се плашат дека вратената стока би можела да биде препродадена по пониски цени, со што би се нарушил нивниот углед.