По повеќемесечни интензивни градежни работи, се наѕира крајот на реконструкцијата на еден од најубавите споменици на културата во Охрид – куќата на Уранија.



Објектот одново го има препознатливиот лик, а се уредува и внатрешноста на куќата.  Најголема измена е поставувањето на лифт, кој според надлежните ќе ја подобри пристапноста во објектот и нема да ја наруши неговата вредност.



Санацијата на куќата на Уранија која ja врши охридскиот Завод и Музеј, а ја финансираше Министерството за култура, се очекува да заврши во октомври.



По завршување на реконструкцијата куќата на Уранија ќе и биде предадена во владение на Македонската академија на науките и уметностите.

Ohridnews