Во Цирих била пронајдена врата стара 5000 години, која како што се верува, е најстарата врата откриена во Европа. Водачот на археолошкиот тим Нилс Блајхер рекол дека вратата е изработена од топола, има добро сочувани шари и има исклучителен дизајн. Според проценките на експертите вратата била направена 3100 години пред новата ера.


Археолозите кои работат на ископувањето на местото на кое ќе биде изграден подземен паркинг, пронашле траги на најмалку пет неолитски села, кои како што се претпостатвува, на тој терен постоеле помеѓу 3700 и 2500 години пред нашата ера.