Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, донесе решени со кое жалбата се одбива како неоснована.

Како што се наведува во соопштението, Апелацискиот суд утврдил дека првостепениот суд правилно постапил кога согласно член 200-203 од Законот за извршување санкции и член 36 од Кривичниот законик, го уважил предлогот на Директорот на КПУ „Идризово“ Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, сега на издржување казна затвор во КПУ „Идризово“.

Со тоа, по службена должност, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје КОК–УОПК бр. 106/14 од 9 јануари 2015 година се уважува, а се преиначува само во делот каде е наведена датата за отпуст, односно со решенеиото на второстепениот суд, осудениот се отпушта од издржување на казната затвор на ден 2 февруари 2015 година.

Времето на условен отпуст трае до 23 март 2017 година.

OhridNews

Извор:„МИА“