Претставата „Покондирена тиква“ од Јован Стерија Поповиќ вчера вечер беше изведена во рамките на Фестивалот на комедијата. Претставата ја донесе театарот „Бора Станковиќ“ од Врање-Србија, а беше одиграна пред многубројна публика која го исполни Центарот за култура во Охрид.


Иако напишана пред многу години, претставата е актуелна и во денешно време и во сегашните околности. Во неа на сатиричен начин се исмејува малограѓанштината и желбата да  бидеме она што не сме. Работена на врањански дијалект , со интересна музичка подлога и добро сценографско решение оваа претстава успеа да го задржи вниманието на публиката,а на крајот беше наградена со громогласен аплауз.

Присуството на многубројна публика покажува дека организирањето на Фестивалот на комедијата е вистински потезг и дека навистина ова му беше потребно на Охрид. Искрено се надеваме дека овој фестивал ќе си го најде своето место на охридската културна сцена и ќе прерасне во традиционален.

Јасминка Т. Момироска